еМагазин
Image default
Македонија

Штипскиот Суд издаде согласност за потерница по Игор Спасов на територија на државата

Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски, од денеска се бара со потерница на територијата на државата.

Портпаролот и судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова за МИА информираше дека надлежните од МВР и СВР-Штип ги информирале оти Спасов од петокот до денеска не е најден на подрачјето на Општина Штип.

– Игор Спасов не е пронајден и е недостапен на органите на прогон. СВР- Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Неткова.

Таа додаде дека доколку истражните органи не го пронајдат и на територија на државата, повторно се известува Судот, кој дава согласност за издавање на меѓународна потерница.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на момчето Мартин Нешковски вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми. Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР во потрага убиецот на Нешковски, Игор Спасов во бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Редакција

Проширена истрагата против едно лице за учество во паравоени формации на ИСИС

Редакција

Полномошното на Груевски го одложи судењето за „Талир 2“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница