еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Што да донирате и како да им помогнете на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Заклучно со 13.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 20.211.361 денари, информираа од Црвениот крст.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228                                       

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.

Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, посочуваат од Црвениот крст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Не донирајте стари и оштетени работи за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украинците на окупираните територии од Русија присилени да земаат руски пасоши

Редакција

Проф. Трајковски: Околу 10 или 11 септември бројот на заболени од Ковид-19 ќе се намали на 500 дневно

Редакција

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани од компанијата ЕОС Матрикс, која помага за наплата на долгови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница