еМагазин
Image default
Македонија

Со што го импресионирал Иванов папата Францсик

Во Македонија има верска почит…се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим, информираат од Кабинетот на Иванов.

„Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние немаме религиска толеранција, туку почит“. Тие имаат почит. Во денешниот свет почитта недостасува многу. Почит за човековите права, ни недостасува почит за многу работи, почит за децата, почит за постарите. Впечатливо е што мистиката на една земја е токму почитта“, рече Папата Франциск за време на враќањето кон Рим, прашан која е најголемата импресија што со себе ќе ја понесе од посетата на Македонија.

„Македонија има идентитет и сега треба да го консолидира како народ со мали, големи проблеми, како што е името, и ова ние сите го знаеме. Двете земји (Македонија и Бугарија) имаат христијански, католички и муслимански заедници. Процентот на православните заедници е голем во двете земји, а помал на муслиманската заедница и уште помал е процентот на католичката заедница. Во Македонија уште повеќе за разлика од Бугарија. Нешто што видов во двете земји се добри односи меѓу двете вери“, рекол Папата Франциск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Што му подари Иванов на папата Франциск

Иванов на средбата со папата Франциск ги повика граѓаните на помирување и простување и сплотување за духовна обнова на Македонија

Фото: Кабинет на Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на ЗОО, Галетановски бил повикан во полиција заради статус на Фејсбук

Редакција

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти, болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница