еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Што ли згрешија диџеите, пејачите и музичките групи?

Не стивнуваат реакциите во македонската јавност по одлуката на Владата да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести меѓу кои и да се забрани гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели), а за да се спречи шиерење на Ковид-19.

Со владината одлука се ограничува и максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели, а во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица.

За ваквата одлука бурни реакции има меѓу усгостителите кои веќе се на работ на пропаст и повеќето од нив се жртви на неколкумина објекти во кои во изминативе денови не се почитуваа протоколите за Ковид-19.

Ако Владата, од разбирливи причини ограничува на една маса да седат само четворица, сосем е нејасно зошто забранува во локалите да има настап на диџеи, пејачи и музички групи.

Со тоа, само се демонстрира немоќ за контрола на работењето на овие објекти, а најголеми жртви се изведувачите кои буквално ќе останат без леб поради ваквите владини политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителите реагираат: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели

Владата забрани настапи на пејачи и диџеи по локалите, на една маса дозволено да седат 4 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети, чија фирма го купува бизнис центарот „Соравиа„

Редакција

Која е симболиката на велигденските црвени јајца

Редакција

Во Македонија починале 5 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница