еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Што открија Викиликс и Асанж: Кој ја прислушувал Меркел за време на кризата во Грција

По апсењето на Џулијан Асанж, еМагазин во серијал Ве потсетува на најголемите откритија на Викиликс.

Кој ја шпионирал Меркел?

Во јули 2015 година Викиликс објави дека британските разузнавачки агенции ја шпионирале германската канцеларка Ангела Меркел и други германски политичари додека разговарале за грчкиот план за финансиска помош за европските банки во 2011 година.

Телефонските повици меѓу главните германски министри, носители на јавни функции, па дури и личниот асистент на Меркел биле пресретнувани од Велика Британија и споделувани со американската Национална агенција за безбедност.

Според Викиликс, телеграми го откриваат личниот скептицизам на Меркел кон решенијата за финансиската криза на Грција и поддршката на Берлин за специјална финансиска помош од ММФ за банките финансирани од страна на БРИК-земјите (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

Телеграмите, ја покажуваат и поддршката на Германија на банките да им биде наметнат данок на финансиски трансакции (ФТТ), потег на кој се спротивставија Велика Британија и САД.

Во некои случаи, телеграмите биле споделувани со другите нации што му припаѓаат на шпионскиот сојуз „Пет очи“ – САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По апсењето на Асанж: Што објави „Викиликс“ за Црвенковски, Груевски, Глигоров, Димитров

Што открија Викиликс и Асанж: ЦИА прислушува преку телевизори и „паметни“ мобилни телефони

Што откри Викиликс: Зошто Хилари Клинтон му е лута на Асанж

(Вознемирувачко видео): Што открија Асанж и Викиликс: Како американската војска уби новинари и цивили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Криво је море…се слуша од еден голф вечерва на Богородица“: Твитер реакции за километарските колони на граница

Редакција

600 тони опасен отпад лоциран во близина на село Орман

Редакција

Амбасада на САД за договорот со Бехтел и Енка: Ако има несоодветни активности тие треба да се истражат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница