еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на новиот претседател на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители. Тој доби едногласна поддршка од членовите на Советот и немаше противкандидати.

Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески, кој ја презеде должноста државен јавен обвинител.

Колевски го наследи досегашниот претседател Коле Штерјев, кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.

Претседателот на Советот на ЈО се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.

Што пишува во неговата биографија?

Колевски е роден во 1959 година во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 година.

Правосуден испит положил во 1991 година.

Во 1997 година е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во 2008 година е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Во 2012 година е избран за јавен обвинител во јавно обвинителство на Република Македонија.

Од 16.02.2018 ја извршува функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, избран од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавно обвинителство на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ацо Колевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

Редакција

Црна Гора ги отвори границите за граѓаните од Македонија од 1 јуни

Редакција

Владата донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за рудникот Иловица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница