еМагазин
Македонија

Благодарение на вакцините од Србија, Македонија почна со вакцинација, пишуваат грчките медиуми

„Северна Македонија: Започна програмата на имунизација благодарение на вакцините што ги доби од Србија“, „Коронавирус: Започна вакцинацијата во Северна Македонија“, „Северна Македонија: Започна вакцинацијата со вакцините од Србија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за почетокот на имунизацијата нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Електронските изданија на медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека први се вакцинираа докторка и медицинска сестра од Инфективната клиника во Скопје.

АНА-МПА коментира дека „почетокот на имунизацијата беше овозможен, благодарение на 4.680 дози на вакцината Фајзер/БиоНТек, што Северна Македонија во неделата ги доби од Србија“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остануваат клучните разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта за иднината на СЈО

Редакција

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот почнува на 5 септември

Редакција

Премиерот Оливер Спасовски негативен и на второто тестирање на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница