еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во кој се гони Бујар Османи

Во однос на предметот „Пациент“ на ден 09.10.2018 година донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица поради постоење на основно сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување чл.353 ст.5 в.в со ст.1 и чл.45 од кривичниот законик, стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој меѓу неколкуте лица е осномничен и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

“Во текот на извештајниот период, преземени се повеќе истражни дејствија, односно испитани се повеќе лица во својство на сведоци, испратени се барања за податоци до повеќе институции со кои е обезбедна потребната документација.

По извршениот увид во списите на предметот, осомничениот во почетокот на месец март, даде своја одбрана по наводите содржани во наредбата за спроведување на истражна постапка“, стои во извештајот на СЈО.

Во случајот „Пациент“ се осомничени 15 лица, меѓу кои и Османи како поранешен министер за здравство.

СЈО ги сомничи дека фаворизирале и доделиле јавна набавка на фирма од Бугарија, за која иако знаеле дека не ги исполнува условите, била избрана да ги реконструира болниците во Тетово и Охрид, како и гинеколошката клиника Чаир во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

До каде е предметот „Попис“ на СЈО во кој се води истрага против Ахмети и Груевски

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи и Раичевиќ отпаднаа, Коцевски остана во игра да биде нов државен јавен обвинител

Редакција

На 4. февруари Бугарија и Македонија заеднички ќе ја чествуваат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави Петков

Редакција

Судење за „27 април“: И поранешниот шофер на Чавков го негира исказот на Нинџа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница