еМагазин
Свет

Швајцарија не ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

Швајцарија не ја одобри вакцината на „АстраЗенека“, соопшти националниот регулатор на лекови „Свисмедик“ и побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот пред да ја одобри вакцината за употреба.

Европската унија минатата недела ја одобри оваа вакцина.

Швајцарија исто така соопшти дека нарачала милиони дополнителни дози вакцини од други производители.

Земјата, која веќе нарача 5,3 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“, соопшти дека ги чека резултатите од испитувањата во Северна и Јужна Америка, во кои се вклучени десетици илјади луѓе.

Откако ќе ги добиеме резултатите, многу брзо може да се издаде привремено одобрение согласно процедурата за распределба, се вели во соопштението на „Свисмедик“.

Според регулаторот, моментално достапните податоци не даваат основа за позитивна одлука во однос на придобивките и ризиците.

МИА/Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Запален центар за регуртација, протести низ цела Русија по повикот на Путин за мобилизација

Редакција

Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Редакција

Русите подготвуваат атентат на Зеленски, почнува битката во Кремљ за соборување на Путин, открива хакерската група Анонимуси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница