еМагазин
Image default
Македонија

„Шверцери“ во МНТ направиле штета од 3.965 евра

Вкупната материјална штета направена во Македонскиот народен театар (МНТ) од навивачката група „Шверцери“ е 3. 965 евра, утврдила надлежната комисија. Штетата мора да се надомести, а ќе се утврди и одговорното лице кое ќе ја плати. Но, треба да се понесе одговорност за духовната штета што е направена, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања, меѓу кои и за случувањата во МНТ.

Заев информира дека го добил записникот од комисијата, но не успеал да го прочита бидејќи, како што рече, синоќа доцна се вратил од Босна и Херцеговина.

Инаку, бил откорнат тапацирот на пет столици во вредност од 125 евра, откорнати биле и ногарки од столици 150 парчиња во вредност од 250 евра, уништен парапет на прва галерија во делот на украсни лајсни  и тоа 10 и други два метри, во вредност од 240 евра. Уништени биле и орнаменти, бурдури во вредност од 200 евра, како и искршени пет подни светилки, теписони со дупки од отпушоци во вредност од 400 евра.

– Живееме и работиме за младите луѓе и тие се нашата иднина. Не смееме да дозволиме материјалните добра што се на сите, но и духовните добра што оваа земја ги има создадено да бидат допрени, оштетени и на кој било начин омаловажени. Реакцијата што се случи од јавноста е духовната болка. Она што го видовме на снимките беше причина за сериозната реакција што се јави во јавноста. Верувам дека тука има поединечни одговорности, ќе се утврдат и ќе соопштиме на јавноста, рече Заев, додавајќи дека не сака да прави калкулации околу тоа што се случило, кој бил виновен или слично.

Потенцира дека реагирале и тој и неговата партија, но и многу други политички партии заради тоа што е направена поголема штета, а тоа е духовната.

– Дали се тоа млади или повозрасни луѓе, националниот театар е отворен за сите и треба сите да го користат, но се знае под како околности и во какви услови, апелираше Заев.

Премиерот Заев меѓу другото потсети дека тој бил присутен на одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ во првиот дел, по што во 20.30 часот заминал.

МИА/Фото: Фејсбук/Шверцери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски и Груби во авион со фудбалерите: Владата ќе издвои половина милион евра, ако македонската фудбалска репрезентација се пласира на Светско првенство

Редакција

Казнети 568 граѓани поради неносење заштитна маска

Редакција

Судот треба да пресече: Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница