Телевизија „Телма“ извести дека претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова го откажала „жешкото столче“. Таа, најпрво го прифатила гостувањето, а потоа без образложение го одбила за денеска предвиденото гостување.
„ТВ Телма како дел од својата програма за претставување на претседателските кандидати покрај првото соочување на тројцата кандидати им понуди и три поединечни интервјуа со новинари од различни редакции. Останатите двајца кандидати Блерим Река и Стево Пендаровски веќе ја искористија можноста за ваков вид на претставување пред гласачите“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во изборната програма на Силјановска Давкова: Македонска салата и Македонија без Северна
Фото: Фејсбук-профил на Силјановска Давкова