еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Силјановска: Прочка ме враќа во детството, но суштината ја разбрав кога пораснав

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на нејзиниот фејсбук-профил пишува дека Прочка ја враќа во детството, ама неговата вистинска суштина ја разбрала дури кога пораснала.

„Бидејќи, само зрел и голем човек може да побара прошка за сторена грешка и да се покае, но и да даде прошка некому кој му згрешил. Прочка е христијански празник на помирувањето и простувањето како лек и за сопствената душа, но и за општествените рани. Како никогаш порано, сите ние треба да се обединиме околу оваа хуманистичка мисла.

Правната одговорност е друга работа: за неа постојат норми и процедури, кои кога не се почитуваат создаваат селективна правда, што е понекогаш и поголема неправда од првичното дело.

Да си посакаме не само убав и спокоен ден со најблиските, па и со оние од кои сме се оддалечиле, но и да си посакаме оваа мисла да нѐ води низ целата година. Да бидеме совесни пред себе и пред Бога, за да не им грешиме на другите и да не застрануваме од патот на моралот, вредностите, совеста и правдата“, напиша Силјановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрополит Струмички Наум за Прочка: За вистински да простиме, треба да сме свесни за гревот 

(Видео) Заев за Прочка: Им простив на луѓето кои држеа пиштол, веројатно немаа храброст и чиста мета

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тие што прележале Ковид-19 не мораат да брзаат со (ре)вакцинација, порачува Трајковски, повикувајќи се на рускиот вирусолог Зверев

Редакција

(Галерија) Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта

Редакција

(Фото) Пациентот кому завчера му беше трансплантирано срце, закрепнува по операцијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница