еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Силен ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.

– Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно.

Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија, соопштија од Општината.

Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една независна држава, тогаш навистина не знам што е, вели Мицкоси за реакцијата на бугарското МНР

Редакција

Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ни Украина, вели рускиот министер Лавров

Редакција

МВР со детали за убиството во струшко: Го испразнил пиштолот во нив откако тргнале на него со секири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница