еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Син го запалил татко му, па го гасел со ќебе огнот

На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И. (20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко, информира МВР.

Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од сезонски грип досега починале две лица на возраст од 15 до 64 години

Редакција

Мијалков оздраве од ковид и дојде на судењето за “Плацови на Водно”, не го откри рецептот како се „прават“ милиони

Редакција

Скопјанец тепал сограѓанин поради должничко-доверителски односи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница