еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Синдикалната кошница во април зголемена за 204 денари

Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март.

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент.

– Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596 денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците.

Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалоци, обивки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница, нагласуваат од ССМ.

Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу или 14.332 денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно намалување на сегашните, поскапени цени на струјата во април следната година, вели Бислимоски

Редакција

Индустриското производство во март со раст, во првите три месеци бележи пад

Редакција

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница