еМагазин
Image default
Македонија

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии

Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството.

Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.

– Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата.

Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.

Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Редакција

Нови 81 случаи на Ковид-19, оздравени 77, нема починати

Редакција

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница