еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Сиромашните земји добиле само 0,3 проценти од вакцините против Ковид-19

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека вакцините против Ковид-19 сè уште се недостапни за сиромашните земји.

Тедрос во изјавата по повод одбележување на првата годишнина од воспоставување на глобалниот систем Ковакс, рече дека ширум светот досега се примени скоро 900 милиони дози вакцини, но повеќе од 81 процент отишле во побогатите земји, додека земјите со низок стандард добиле само 0,3 проценти од таа количина.

Директорот на СЗО повеќе пати ги осуди нееднаквостите во дистрибуцијата на вакцините и ги повика побогатите земји да ги споделат вишокот дози што ги имаат за да помогнат во имунизацијата на здравствените работници во сиромашните земји.

Повеќе од три милиони луѓе починаа во пандемијата, а Ковакс, кој досега испорача 40,5 милиони дози во 118 земји, има за цел да обезбеди две милијарди дози до крајот на годината.

Ковакс, кој заедно во водат Светската асоцијација за вакцини (GAVI) и СЗО, вчера соопшти дека работи на зајакнување на снабдувањето со вакцини за сиромашните земји од нови производители, што ќе го олесни проблемот со снабдување на вакцината на „АстраЗенека“ од Индија, која ја зафати новиот бран на епидемија и втор ден регистрира рекорден број на нови случаи во целиот свет, со повеќе од 330.000 заразени.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 600.000 евра во четири блок-трансакции

Редакција

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Редакција

(Фото) Македонските „Анонимуси“ топ-тема на Балканот поради хакирањето на страниците на Дуа Липа и Рита Ора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница