еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Народната банка го објави решението со кое се утврдува дека се исполнети условите за отварање стечајна постапка во Еуростандард банка. Во него како главна причина за тоа се наведува несолветноста на банката односно дека стапката на адекватност на капиталот е пониска од една четвртина од пропишаната.

Во документот се вели дека Еуростандард банка подолг период била под засилено теренско и вонтеренско следење, а поради ризиците на кои била изложена во работењето и утврдените слабости во процесот на управување со ризици.

„Почнувајќи од 2013 година, со сите натамошни мерки кои ги изрекуваше Народната банка се засилуваше интензитетот на супервизорскиот режим кон банката“, се вели во документот.

Целиот документ на Народната банка ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Фондот за осигурување на депозити за 20 дена ќе почне со обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17 излечени, 11 починати од коронавирусот во Македонија

Редакција

Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда

Редакција

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од станицата за течен кислород кај модуларната болница во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница