еМагазин
Спорт

Сите спортисти ќе се тестираат за Ковид-19 пред почетокот на сезоната

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека на состанок, претставници од Фудбалската федерација на Македонија и членовите на Комисијата за заразни болести донеле одлука да се тестираат сите спортисти пред почетокот на сезона, како и лицата кои се инволвирани во тренинзите.

– Во Фудбалскиот сојуз имаше состанок со членови на Комисијата за заразни болести каде што било разговарано и потврдено дека пред почетокот на сезоната ќе се истестираат сите коишто се дел од тој тренинг и процес на одржување на натпреварите.

Тогаш од страна на Институтот за јавно здравје е излезено во пресрет дека ќе ги извршат сите тестирања. Значи тој процес бил на тој начин договорен и секако, нема да се продолжи ниту пак да се иницира нешто што може да го загрози здравјето на спортистите, рече Филипче, одговрајќи на новинарско прашање околу тоа дали останува препораката да има тренинзи во групните спортови, со оглед на тоа што во „Шкендија“ се потврдени два позитивни случаи на Ковид-19.

Тој посочи дека донеле одлука да почнат индивидуалните спортови како тенис, а во однос на тестирањата за групните спортови, истакна дека тоа е договорено на официјалниот состанок на Федерацијата и Комисијата за заразни болести.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 67 случаи на заразени со корона вирусот во Македонија, 25 оздравени и еден починат

Полицаец од пограничната полиција позитивен на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виз Ер Скопски маратон со повик за волонтери: Маратонот ќе се одржи на 4-ти октомври

Редакција

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро

Редакција

Kаратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканското првенство во Тирана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница