еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ предлага по 14.500 денари за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

Државата да обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај за секој вработен во погодените приватни фирми, а тие сами да си платат придонеси и персонален данок, е една од мерките кои ги предлага владејачката СДСМ за справување со кризата со корона вирусот, а кои ќе ги достави до Владата.

За оваа мерка државата треба да одвои 120 милиони евра, а фирмите кои ќе аплицираат, не смеат да делат дивиденди и да отпуштаат работници, рече лидерот на партијата, Зоран Заев, кој ги презентираше мерките.

Заев исто така најави дека ќе се предложи, сите функционери и раководители да примаат минимална плата.

„Сите избрани и именувани функционери, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори судии и обвинители ќе земаат минимална плата од 14.500 денари во месеците април и мај. Сите вработени во јавниот сектор одат на минимална плата. Оваа мерка не се однесува на медицински персонал, полицајци и војници и оние кои работат со нив во справување со коронавирусот“, рече Заев.

Невработените или вработени во неформална економија, СДСМ предлага, да добијат по 7.000 денари месечно по домаќинство.

Сите мерки на СДСМ, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како банките ќе можат да им олеснат на граѓаните во кризата?

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово затруени со храна, две примени на лекување

Редакција

Поради опструкции Собранието во моментов не може да избере уставни судии, вели Џафери

Редакција

(Аудио) Објавена снимка во која Џафери вика и пцуе по вработени во Собрание, ВМРО ДПМНЕ бара оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница