еМагазин
Image default
Македонија

Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот Фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од  функцијата координатор на пратеничката група АлтернативаАлијанса за Албанците, напиша Реџепи.

Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.

Тој изрази почит до сите пратеници на Коалицијата и се заблагодари за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи.

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанец и Гостиварчанец починаа од корона вирусот

Редакција

Во Кривичен пристигна супервештачењето за несреќата кај Ласкарци, судењето продолжува на 24 јануари

Редакција

Од Ковид-19 починале пет лица, дополнително пријавени уште пет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница