еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец и неговите три малолетни деца повредени откако им се срушила терасата

На 02.10.2019 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.К.(23) од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле. Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку Фејсбук му се заканил дека ставил бомби на службените возила

Редакција

Полицијата откри нива со 45 стебла марихуана близу Велес

Редакција

Бојкот на наставата во скопско училиште, откако за директор е поставен Албанец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница