еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопјанец извршил неверојатни измами: Од транспорт на починато лице до огномет во гостилница

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени четири кривични дела „измама“, соопшти МВР.

„Б.А. на 22.01., 30.01., 21.02. и 19.02.2020 со телефонско јавување на неколку лица од кои еден сопственик на кафеана, вработен во гостилница и сопственик на фирма лажно преставувајќи се дека е претставник на фирма или како физичко лице им барал услуга за резервација на маса за 20 лица во кафената, исто така барал да извршат транспорт на починато лице од болница во Кичево, услуга за резервација на маса за 50 лица и огномет во гостилницата, а исто така и порачал 55 сончеви колектори од една од фирмите кои ги измамил.

Во првите три случаи им побарувал парични средства кои оштетените  ги оставале кај непознати лица посочени од пријавениот, при што од оштетените биле земени парични средства во првиот и вториот случај по 16.000 денари, во третиот случај 15.000 денари, додека во четвртиот случај непознато лице извршило транспорт на сончевите колектори чија материјална вредност изнесува 746.500 денари“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акција на Интерпол спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска во Македонија

Редакција

(Галерија) Рекордни 13.400 учесници на Виз Ер Скопски маратон: Кинејците најбрзи, Поп Арсова и Ивановски со најдобар резултат помеѓу македонските тркачи

Редакција

Инфлацијата продолжува да расте: Трошоците за живот во март со раст од 8,8, цените на мало од 9,6%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница