еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопјанец објави дека е заболен од корона вирусот на Фејсбук: „Седете дома“

Драги роднини и пријатели сакам да Ве информирам дека предмалку ги добив резултатите и дека сум позитивен на корона вирусот COVID-19, објави на „Фејсбук“ скопјанецот Иван Стефановски.

„Сега за сега сум добар, со некои благи симптоми. Од вторникот сум изолиран во стан во Маџари со надеж дека не сум го пренел вирусот на моите дома. Сакам да апелирам до сите Вас сериозно да ја сфатите целава ситуација и на секој можен начин да се заштитите. Што побавно се шири вирусот толку поголеми ќе бидат шансите за преживување на оние кај кои вирусот ќе предизвика компликации.

Најголем проблем со овој подмолен вирус е што најмногу се шири кога немаш никакви симптоми.

Избегнувајте близок контакт со вашите родители и баби и дедовци, бидејќи тие се најризична категорија. Седете си дома, а ако веќе имате потреба да излезете обавезно носете маска и ракавици и одржувајте лична хигиена.

Работава не е шала иако многумина ќе го поминат вирусот на нозе, дури нема ни да го осетат, но мора да се забави неговото масовно ширење.

Во моментов најтешко ми е што сум сам без моите, но ќе издржиме. Се молам на Бога како „стиснат Егеец“ да не сум го раширил на други луѓе. Останете ми со здравје, се гледаме кога ќе помине ова лудило…“, напиша Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника „Жан Митрев“: Земање примероци за анализа за корона вирусот единствено со претходно закажување

Зошто Италија е толку погодена од кризата со коронавирусот

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Фото:Фејсбук/Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ го одобри десеттиот пакет санкции против Русија

Редакција

Владата го менува Кривичниот законик: Нови санкции за говор на омраза

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница