еМагазин
Локално

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што се посочува во соопштението од Обвинителството, еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – 19 при одржување тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари без публика. Обвинетиот организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде покрај играчите била присутна и публика од околу 100 лица.

Останатите 16 обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации.

За сите обвинети надлежните јавни обвинители предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На раководител му „снемало“ 333 грла заштитен дивеч од ловиштето во Осогово

Редакција

МВР со детали за сообраќајката во која учествуваше полициско возило и тројца полицајци беа повредени

Редакција

Притвор за мајката и за таткото од прилепско кој ги силувал трите ќерки во период од две години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница