еМагазин
Локално

Скопјанец со нож ја расекол сопругата при семејна расправија

На 03.09.2018 година во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот, информира МВР.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20,00 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди.

Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ќе изгледа спортската сала „Работнички“, која по 50 години ќе добие нов лик

Редакција

Натепана вработена во Центарот за социјални работи

Редакција

Кумановец повреден откако избувнал пожар во семејниот стан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница