СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информира МВР.
На 31.05.2019 во хотел во Велес, пријавениот, од З.С. од Тетово одзел паричник во кој имало пари и банкарска картичка. По ова, од банкомат во Велес, пријавениот од наведената картичка подигнал пари, по што на регионалниот пат Велес-Штип на бензиска пумпа со картичката извршил трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.700 денари.