еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопјанецот кој почина од корона вирусот имал претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информираа дека во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје на 63-годишна возраст, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а потврден како позитивен еден ден подоцна.

Детали за починатиот соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Пријавен е еден смртен случај со место на живеење во Скопје. Случајот е на возраст од 63 години, со присутни симптоми и коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Случајот бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми септември каде и починал.

Починатиот е без историја на патување и контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати во Македонија поради компликации од вирусот е 113.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

7 лица од новозаразените со корона вирусот со претходни заболувања

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

177 лица до 19 години за една недела се заразиле со Ковид-19

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ПИОМ за телекомуникациски услуги „тежок“ 420.000 евра

Редакција

14-годишно момче загина, откако во него со автомобил удри 18-годишник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница