еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Велес имаат поголема кумулативна инциденца од Дебар

Куманово, Штип, Прилеп, Велес и Скопје според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 5. јуни, кои еМагазин секојдневно ги пренесува, имаат поголема кумулативна инциденца од Дебар, општината која беше во карантин еден месец

Кумулативна инциденца го покажува бројот на заразени на 100 илјади жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 382,0 заболени на 100.000 жители, Штип (307,6/100.000), Прилеп (228,7/100.000), Велес (212,8/100.000), Скопје (194,4/100.000), Дебар (187,4/100.000), Струга (144,4/100.000) и Тетово (136,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево, Неготино и Охрид“, стои во анализата на ИЈЗ.

Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Скопје има вкупно 1.201 случаи на Ковид-19, од кои активни се 595, во Куманово има вкупно 545, од кои активни се 129, во Дебар има вкупно 52, од кои активен е 1, во Штип има вкупно 161, од кои активни се 123, во Прилеп има вкупно 218, од кои активни се 29, во Велес има вкупно 141, од кои активни се 27.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Голем раст: 313 лица до 19 години во Македонија се заразени со корона вирусот

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика „Карпош“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на бул. „Босна и Херцеговина“ вреден 149 милиони денари

Редакција

Промена на времето: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција

(Фото) Мотор и автомобил се судриja на Партизанска, има повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница