еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје останува блокирано: Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА, Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град.

Директорот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите и апелираше политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања и поени.

– „Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, се вели во соопштението на Димитријевски.

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град.

Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Тие бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Коцевски избран за нов државен јавен обвинител

Редакција

(Фото) Убава и ретка приказна во „Идадија“: Кога келнер ќе се пензионира во кафеана, каде што долги години работел

Редакција

Кој е Назим Буши, заменик министер во МВР, кој престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница