еМагазин
Image default
Локално

Скопски дилер хероинот го мешал со земја

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

„На 02.07.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот на улица „Јајце“ во Скопје.

С.К. е приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луцидна измама на сопственик на агенција за обезбедување и такси компанија

Редакција

Двајца полицајци и еден возач повредени во судар меѓу полициска „Шкода“ и „Берлинго“

Редакција

Одложено судењето на двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница