еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Следете во живо) Грција не ја отвори границата, кога ќе ја дигне рапата не знаат ни од Грчка амбасада

Моментално границата со Грција и покрај најавите за нејзино отварање од страна на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Киријакос Мицотакис, останува затворена, а граѓани, меѓу кои и Македонци и Срби, се заглавени во меѓуграничниот простор и чекаат да им биде дозволен влез.

Од Грчката амбасада за Дојче веле велат дека чекаат официјално известување под кои услови и кога да се дозволи протокот на граѓани.

„Во моментов немаме никакво известување од кога ќе се отвори границата и под кои услови ќе се пропуштаат патниците.

Евзони е се уште затворен и не знаеме кога ќе се отвори. Чекаме упатства, претпоставуваме дека во текот на денот ќе имаме повеќе информации“, велат од Грчката амбасада во Скопје.

Според српските медиуми, на границата се пропуштаат само грчки државјани, а тамошните медиуми неофицијално пренесуваат дека границата може да се отвори вечерва на полноќ или утре сабајле, бидејќи грчките граничари се уште не добиле известување за отварање на грчкиот граничен премин Евзони.

Следете ја во живо ситуацијата на граничниот премин Богородица, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција утре ја отвара границата, потребен Ви е ПЦР тест, доказ за вакцина или антитела

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Велес за Египет: Нова испорака на „Грин машинс“ возилата од фабриката на „Брако“

Редакција

Мермерен комбинат преземен од Pavlidis Monoprosopi A.E  Marmara- Granites

Редакција

Детали за понудите: Новиот мобилен оператор Телекабел со префикс 074 стартува од денеска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница