еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО

Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Македонија, вели европратеникот Ќучук

Плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“, доби европратеникот Илхан Ќучук, кој воедно е и нов претседател на европските либерали.

Тој е постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија и ваквите иницијативи честопати се поддржани од него, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.

– Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, кои ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.

По доделувањето на наградите, европратеникот Илхан Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“, Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај студенти од Бугарија да учествуваат и студенти од Македонија.

Двајцата веруваат дека местото на Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.

Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева“ во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.

МИА/Фото: Фејсбук/Ќучук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зад стоговите сено“: За прв пат ќе се снима филм во Македонија и Грција

Редакција

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег, задоволни сме ако и соседите бидат задоволни

Редакција

Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница