еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Следната недела ќе се знае од каде Македонија ќе набавува струја

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија.

– Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, рече Битиќи во изјава за медиумите дадена по манифестацијата посветена на граѓанските организации и социјални претпријатија.

Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се третира како евтина цена.

– Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија.

Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да го плати, но се обидуваме да им обезбедиме. Ова се времиња на преживување.

Со нив сме во секојдневен контакт, со повеќето од претставниците на членките или компаниите на слободниот пазар и следната недела ќе имаме јасна слика што е тоа што ќе го понудиме, изјави Битиќи.

Оние кои се на регулираниот пазар, според Битиќи, не треба да стравуваат дека ќе нема електрична енергија затоа што се обезбедени суровини за доволно производство на електрична енергија.

– Тоа значи дека граѓаните и 70 илјади компании кои се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март следната година, нагласи Битиќи.

Прашан дали е голема разликата во цената што ние ја нудиме и Бугарија што ја бара, Битиќи рече дека во преговори мора да има разлики, но уште еднаш нагласи дека следната недела е клучна за да се знае од каде ќе се обезбеди електрична енергија.

– Состаноците физички не се одржани, а контакти се одржуваат секојдневно и со Бугарија и со Србија и Турција и тие ќе продолжат и наредните денови. Во преговорите мора да има разлики, инаку не би ни имало преговори.

Сметам дека наредната недела е клучна за да се знае и да пресечеме од каде ќе се осигура електрична енергија. Правиме напори да се ослободат одредени прекугранични капацитети за пренос на електричната енергија, истакна Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО распиша тендер за набавка на авиобилети за 84.000 евра

Редакција

Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази

Редакција

Македонското МВР го проверува минатото на Беран Алији, главниот осомничен за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница