еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Словенечкиот премиер Јанша ја сфаќа позицијата на Бугарија, но смета дека за неа е добро а прифати нација која зборува сличен јазик

Словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио (БНР) изјавил дека ја сфаќа позицијата на Бугарија околу нејзиното вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи таа е земја членка на Унијата, но дека мора да се најде компромис, јави дописникот на МИА од Софија.

– Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на останатите. Мора да се однесуваме како семејство, но мора да се обидеме и да најдеме компромис, истакнал Јанша за БНР.

Предлог на португалското претседателство за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите со земјава, Јанша го оценил како добар.

– За Бугарија е добро да прифати нација која зборува сличен јазик и има блиска култура. Можеби прашањето е спорно, но треба да имаме стратешки поглед на работите, додал Јанша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечкиот претседател Пахор: Одложувањето на преговорите со Македонија и Албанија е политички и морално погрешно, го поткопува авторитетот на ЕУ

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон отворено ја насочува ЕУ кон Кина наместо кон САД?

Редакција

Нема ЕУ со загаден воздух

Редакција

(ВИДЕО) Запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра: Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница