еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот со протерувањето на рускиот дипломат е документиран, не станува збор за импровизација, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека случајот со протерувањето на рускиот дипломат од земјава бил документиран и оти не станува збор за импровизација. Нему, нагласи претседателот, му е даден рок од седум дена да ја напушти земјава.

-Информиран сум од пред неколку дена, се разбира како и другите надлежни органи. Од она што го видов случајот беше од надлежните институции документиран, значи не стануваше збор за импровизација, меѓутоа поради природата на работата не можам понатаму да коментирам, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со дадениот рок од седум дена за напуштање на државава, Пендаровски истакна дека се водело сметка и за човечкиот аспект, а не само за дипломатската конвенција.

-Се водеше сметка да не биде тоа преку ноќ, тие луѓе имаат семејства, имаат други интереси, не е хумано да постапуваме на таков начин, рече Пендаровски.

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека прогласило дипломат на руската Амбасада во Северна Македонија за непожелна личност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија протера руски дипломат

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на ИРИ за локалните избори: СДСМ има рејтинг од 19%, а ВМРО-ДПМНЕ од 16%

Редакција

Во тек е идентификацијата на жртвите, списокот на патници испратен за Скопје

Редакција

Во време на отпуштања: Има компании што вработуваат сред „корона-кризата“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница