еМагазин
Image default
Локално

Со БМВ удрил во полициско возило и побегнал: Двајца тешко повредени

На 12.09.2019 околу 02.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот с.Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало, информира МВР.

Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза„, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетени се три икони на крстот во скопско Драчево: Детали од МВР

Редакција

Пожарот на планината Серта е ставен под контрола, но се уште се гаси

Редакција

Штипскиот градоначалник апелира да се воведат Ковид координатори во фабриките и институциите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница