еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со парите од роденденот на Олга Костовска ќе се реконструираат скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје

Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и претседателот на Надзорен одбор, Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател, информираат од таму.

„Таа е позната во јавноста како успешна жена во македонскиот бизнис, мецена на културата, уметноста и образованието и голем донатор, кој знае да го даде својот придонес онаму каде што е најпотребно.

Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовните годишни активности и досега се реализирани неколку дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.

Со оваа лична донација наменета за Музејот на современата уметност, Олга го одбележа својот 45ти роденден и повторно ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата.

Наместо подароци, овојпат Олга и нејзините пријатели дадоа свој допринос за реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна вредност од 600.000 денари со што ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Голема благодарност од тимот на Музејот на современата уметност до Олга и нејзините пријатели за оваа значајна донација за Музејот на Современата уметност“, се вели во соопштението на МСУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поетска книга од Раде Силјан на бугарски јазик

Редакција

Арменд Ајредини од Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури, организиран од холандското МНР

Редакција

Visa ја претставува ‘Visa Secure’ – нова програма за непречено плаќање и напреднато онлајн искуство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница