еМагазин
Македонија

Со измени на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници, велат од Владата

Во тек е процес на разговори за измени на Кривичниот законик во кој, меѓу другите, се вклучени и претставниците на невладиниот сектор, рече владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на сексуалните работнички за декриминализација на нивната работа.

-Барањата во моментов се разгледуваат, измените на Кривичниот законик се очекува многу скоро да бидат на седница на Влада. Се воведуваат нови кривични дела, како што се полов напад и полово вознемирување. Тоа ги опфаќа сите лица, жени, меѓу кои, секако, се и сексуалните работнички, рече Арсовски.

Сексуалните работници денеска во Скопје, под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“, го одбележаа Меѓународниот ден на сексуалните работници – 2 Јуни, и порачаа дека е потребно унапредување на нивните здравствени, социјални и работнички права.

Заедницата на сексуални работници бара признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор, со што таа ќе стане дел од пазарот на трудот, а сексуалните работници ќе бидат препознати како работници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Со глад штрајкуваат 270 затвореници во „Идризово“

Редакција

СЈО и официјално е историја, Јовески уверува дека предметите ќе добијат завршница

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница