еМагазин
Image default
Македонија

Со изведување на докази од Обвинителство продолжува судењето за предметот „Шпански скали“

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и десетина други, меѓу кои службеници, нотари и бизнисмени.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, при што со незаконска продажба на парцелите пред зградата на ЕВН, на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Застапник на обвинението е обвинителот Ивана Трајчева, а случајот го води судијата Владимир Туфегџиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

118 нови случаи на Ковид-19 од 1.245 тестирања, активни 8.096

Редакција

Катица Јанева наводно со писмо ја активирала оставката од 15 јули

Редакција

„Реконструкцијата на убиството не смени ништо“, посочија од Обвинителството во завршните зборови за случајот со убиството на Ангел Петковски 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница