еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Со кратење на шест дневници, Европарламентот го казни бугарскиот европратеник Џамбаски поради нацистичкиот поздрав

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав.

Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти, Ангел Џамбаски ја соопшти претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница.

Таа прецизира дека Џамбаски ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра, кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците. Џамбаски има право на жалба.

На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола.

Инцидентот се случи по интервенција на Џамбаски за време на дебатата во Парламентот за владеењето на правото, а по одлуката на ЕУ да и дозволи на Комисијата да ги скрати средствата на земјите кои не ги почитуваат вредностите и принципите на заедницата.

Џамбаски ја нападна таа одлука, која ја припиша на „омраза кон националните држави“ и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги „засрами“ Унгарија и Полска.

Откако повика на „долг живот на Орбан, Фидес, Качински, Бугарија и нашата национална држава“, тој додаде: „Да живее Европа, Европа на народите“, за потоа да го направи контроверзниот гест кога се качуваше по скалите во салата.

Џамбаски ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.

МИА/Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дрво-пром“ го доби тендерот на Управниот суд за адаптација и реновирање вреден 840.000 евра

Редакција

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Редакција

Убава вест: Оздравени 505 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница