еМагазин
Image default
Бизнис

Со месечно производство од 2.000 тона, „Брако“ меѓу лидерите во производство на жичани производи во регионот

Со околу 2.000 тони месечно производство велешки „Брако“ e лидер во регионот во производството на жица и жичани производи, информираат од компанијата.

Од почетните 200 тонa во 2003-та година од погоните на „Брако“ денес излегуваат околу 2.000 тона месечно жичани производи. Најголем дел од производството на „Брако“ е за извоз поточно дури 85 отсто од производите се наменети за странскиот пазар, додека само 15 отсто се продажна кон домашни компании.

Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, поцинкована жица, опружна жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.

Својата позиција како лидери во производството на жичани производи во регионот „Брако“ е со план да ја засили преку низа инвестициски активност во технолошки и просторни капацитети. Целта е во наредниот период со ставање во погон и на нови производствени капацитети во „Брако“ да се произведуваат 3.000 тони жичани производи месечно, велат од компанијата.

Своите производи следната година „Брако ќе ги промовира и на меѓународниот саем за жичани производи кој што од ќе се одржи на почетокот на мај следната година во Дизелдорф, Германија. Под слоганот „Join the best“ „Брако“ ќе има свој штанд и со ова ќе им се придружи на најдобрите и најголемите производители во индустрија во светски рамки.

Главен предизвик со презентацијата на „Wire Dusseldorf“ е токму очекувањето за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство во наредните четири години, велат од Брако.

Фото: Брако

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 12 државни службеници, плата до 29.690 денари

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за изработка на дренажни бунари вреден 2,8 милиони евра

Редакција

ДС Смитх со добивка во првите девет месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница