еМагазин
Image default
Локално

Со „пасат“ удрил во бетонски ѕид и во возило на МВР: Повредени три лица

На 03.06.2020 во 08.00 часот било пријавено дека во с.Сарај патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје, удрило во бетонски ѕид и во патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Ф.Р.(35) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Е.Д.(23) се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Возачот И.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 467 возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

Редакција

Механизација за уривање на плажите кај Охрид, угостителите бараат итна седница на Советот на Општината

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти за 2021 во категоријата компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница