еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со пиштол се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница

Дваесет и четиригодишник од Боговиње и неговиот татко се приведени во полиција затоа што вчера синот со пиштол и се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница.

Настанот се случил на Гинеколошкото оддление каде медицинската сестра извршила наплата на болнички услуги кои претходно ги користела неговата сопруга.

„Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 45 минути, ги лишиле од слобода Ф.Ш.(24) и А.Ш.(48), двајцата од тетовско Боговиње откако 15 минути претходно во ходникот на Гинеколошкото одделение Ф.Ш. извадил пиштол и упатил закани кон медицинска сестра“, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Од 24-годишникот бил одземен гасен пиштол „Екол алп“, калибар 9 милиметри со празна рамка.

„Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок“, информира МВР

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Хит на социјалните мрежи: И згодни стјуардеси од Албанија се вакцинираа во Белград

Редакција

Mеморијална хуманитарна крводарителска акција во чест на Мартин Здравковски

Редакција

СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата​, велат од Министерство за труд и социјална политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница