еМагазин
Image default
Македонија

Со помош на полициското куче Хани, уапсен македонски државјанин во Грција со над 32 килограми канабис

Грчката полиција, со помош на полициското куче Хани, на грчката страна од граничниот премин Богородица (Евзони) во петокот напладне, уапсила 36-годишен странски државјанин кој во Грција се обидел да внесе 32 килограми и 766 грама канабис, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјанин.

Како што соопштија од грчката полиција на прес-конференција во Солун, дрогата била рачно спакувана во 61 пакет, скриени во внатрешниот и во надворешниот дел на автомобилот, а полициската акција била организирана по добиени информации.

-При темелна контрола на возилото, со помош на полициско куче, во браникот на возилото и во внатрешноста, во командната табла беа откриени вкупно 61 рачно спакувани пакети со 32 килограми и 766 грама канабис што беа одземени. Триесет и шестгодишникот беше изведен пред истражен судија во Кукуш и му беше одредена привремена мерка притвор, рече на вчерашната прес-конференција во Солун, Петрос Танос, шефот на канцеларијата за информации и односи со јавност на Главната полициска дирекција Централна Македонија.

Од грчката полиција на нивните официјални Твитер и Фејсбук профили јавно му се заблагодарија на полициското куче Хани за неговата „драгоцена помош“ за откриената дрога во конкретниот случај.

Хани е белгиски овчар, специјализиран за откривање на дрога. Има 10 години, а од две годишна возраст е во грчката полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

(Мапа) Штип се уште на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 5.865 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница