еМагазин
Image default
Локално

Со пукотници спречен обид за бегство на затвореник од Идризово

На 28.01.2019 година во 14.15 часот во СВР Скопје, вработен во затворската полиција пријавил обид за бегство на затвореник, информира МВР.

Според пријавата, во 11.00 часот затвореникот Е.К.(33) од Скопје, кој во КПУ “Идризово“ е на издржување казна затвор од 10 години и 6 месеци, за укажување на медицински третман бил донесен со четири затворски полицајци во Завод за рехабилитација на улица „Козара“, каде се задржале до 13.30 часот.

По излегување од ординацијата, Е.К. се дал во бегство, но бил фатен од страна на затворските полицајци, кои испукале и два предупредувачки куршуми во воздух. Потоа Е.К. бил спроведен до Арестанско одделение во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повредени во пожар во куќа во Кичево

Редакција

Злосторства како на филм: МВР откри морничави детали за серискиот убиец од Добрејци

Редакција

14-годишна кавадарчанка нападната од врсничка, случајот пријавен во МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница