еМагазин
Image default
Македонија

Со Резолуцијата ќе покажеме единство дека сакаме решение со Бугарија, но и што е прифатливо, а што не, порача Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека со амандман ќе се интервенира во Предлог-резолуцијата за решавање на прашањето со Бугарија за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и оти за тоа владејачкото мнозинство само ќе обезбеди гласови.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање по амандманот, според него, е затоа што тие, како што рече, ја прифаќаат реалноста, но уште стојат на ставот за непризнавање на Преспанскиот договор.

Сепак, смета Заев, најважно е Резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

– ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа реалноста, но стои се уште на своите позиции за неприфаќање и непризнавање на Преспанскиот договор, иако гледате дека одговорноста е присутна кај сите, така и кај ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што е добро за граѓаните не може да го негирате, треба да го поддржите. Ние имаме општи одредби во Резолуцијата кои што без било каква промена на точка или запирка ги поддржуваме, но, истовремено Уставот е реалност и затоа парламентарното мнозинство интервенира со амандман и тоа самото ќе обезбеди гласови, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање што значи најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се воздржи од гласање по амандманот.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот, затоа што, како што рече, биле и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор заради ЕУ и НАТО интеграциите на земјава.

Но, додаде Заев, повикувам за амандманот да гласа и некој од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што истакна, тоа е реалност во државата.

Според него, исклучително значајно е што парламентарното мнозинство ќе поднесе амандман со кој ќе се вгради уставното име.

– Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме Резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Содржината на Резолуцијата е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро да ја изгласа, рече Милошоски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лога прв министер за правда кој се заинтересира за правата на Македоците во Бугарија

Редакција

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница