еМагазин
Локално

Со возило се обиделе да згазат полицајци во Скопје

На 15.09.2018 година околу 20.00 часот на пазарот „Европа“ во насeлба Шуто Оризари, шест полициски службеници од Полициската станица Чаир преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур, информира МВР.

Но, при извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало патничко возило со скопски регистарски ознаки. При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полициските службеници. После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полициските службеници. Три лица се лишени од слобода и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Редакција

„Руски рулет“ на улиците на Скопје: За еден ден фатени 36 лица без возачка дозвола

Редакција

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница