За десет пати е намалена употребата на пластични кеси во Македонија, откако на 1 декември 2021 година стапи на сила законот со кој се забранува нивната употреба, информираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Државата во декември собрала 235 илјади евра од продажбата на пластични кеси, кои чинат 15 денари.
„Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства,“ додаде Нуредини.
Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби.
Министерот Нуредини посочи и дека знаат оти во одредени маркети и продавници не се почитува законот и дека ќе има инспекции.