еМагазин
Image default
Бизнис

Собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите што работат во недела, нема да се трошат за плати, вели Бесими

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информира дека се собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите кои работеа во недела.

Тие средства ќе се трошат за фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите.

Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот и не може други средства да одат за таа намена.

„Собраните средства ќе одат во програмите за соодветната намена, за човечки капитал, како што е предвидено во Законот. Тие средства не може да одат за плати, плати се дефинирани во Буџетот, по кој износ се вкупно предвидени за 2023 година.

Не може дополнителни средства да одат за плати,“ подвлече Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува трендот на раст на извозот и пад на увозот

Редакција

„Фершпед“ оствари добивка од 111,4 милиони денари за девет месеци

Редакција

Само една понуда на третина од тендерите за јавни набавки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница